Пет бронзени медали од Медитеранското првенство за сениори одржано од 05-07.10.2012 година, во Тузла
Од 05 до 07 октомври, 2012 година, во Тузла, Босна и Херцеговина се одржа Медитеранското првенство за сениори на кое што учество земаа 10
држави: Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција, Кипар, Италија, Франција и Босна и Херцеговина. Македоските каратисти освоија 5 бронзени медали:
1. Мери Ефремова Андонова категорија - 50 кг. Мери ги победи преставничките на Србија и Босна а изгуби од натпреварувачката одИталија.
2. Наташа Илиевска, категорија - 55 кг., исто така, извојуваше 2 победи, над преставничката од Црна Гора и Турција а изгуби од преставничката на Франција.
3. Дејан Црничиќ, категорија -67 кг. до бронзениот медал стигна со еден пораз од натпреварувачот од Турција и две победи над натпреварувачите од Хрватска и Црна Гора.
4. Берат Јакупи, категорија -84 кг., прво коло победа над натпреварувачот од Кипар, второ коло пораз од натпреварувачот од Франција. Во репасаж и борба за трето место победа над натпреварувачот од Србија.
5. Кумите тим сениори во состав: Берат Јакупи, Мартин Несторовски, Ферат Курбулиќи, Огнен Груевски, Стојан Тасевски, Иво Цветковски и Дејан Црничиќ. Прво коло победа на тимот од Словенија, второ коло пораз од Турција и репасаж и борба за бронзен медал победа над тимот од Италија.
Сениорската репрезентација ја предводеа тренерот на Државната репрезентација за сениори, кумите, Петар Белистојаноски и неговиотпомошник, тренерот на Државната репрезентација за јуниори до 21 година, кумите, Арлинд Хусени.