На 6-ти април во Скопје, во спортската сала Иван Хаџи Николов во нас. Радишани во организација на Карате Федерацијата на Македонија се одржа Изборен турнир (Бергер) за сениори. Натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините ката и кумите индивидуално и ката екипно. Првопласираните од секоја категорија влегоа во состав на државната репрезентација која ќе настапи на 48-то Европско првенство за сениори кое ќе се одржи од 9-12 мај 2013 год. во Будимпешта, Унгарија.