На 28 и 29.април 2012 година во спортската сала на Спортско друштво за гимнастички спортови Орце Николов во Скопје се одржа тренинг со селекторот за кати на Карате федерацијата на Србија, господин Петар Косановиќ.
Оваа активност е во склоп на напорите на Карате федерацијата на Македонија за подигнување на квалитетот на натпреварувачите во кати. Ангажирањето на г-дин Петар Косановиќ е договрено помеѓу претседателот на Карате федерацијата на Србија, г-дин Славољуб Пипер и претседателот на Карате федерацијата на Македонија г-дин Драган Стојановски.
Ова всушност е почеток на подолготрајна соработка чија цел е подобрување на квалитетот на изведбата на ката натпреварувачите во престојниот неколку годишен период.
Овој викенд се искористи за вршење сондажа на состојбата кај перспективните натпреварувачи на возраст од 10 – 16 години и врз база на која ќе се направи општа и поединечна анализа како и план за понатамошна работа.
Сондажата се правеше два дена во четири термини при што вкупно беа проверени 61 натпреварувач од 12 клуба при што секој натпреварувач изработи по 4 шотокан кати.
< назад