Во салата на КК „Олимпик спорт 2007“ во населбата Лисиче во Скопје се одржа првиот заеднички тренинг од планираните три пред претстојното еврпско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 09-11.02.2024 година во Тбилиси, Грузија. На истиот беа поканети сите репрезентативци кои ќе настапат на ова првенство. Натпреварувачите имаа можност да одржат тренинзи во дисциплините кати и како и спаринг борби со повеќе противници во дисциплината кумите, под водство на селекторите од соодветните возрасни категории како и во присуство на директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини. И овој пат настанот претставуваше одлична можност за размена на повеќе тренерски искуства.
Следните два тренинзи ќе се одржат во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче на 28.01 како и на 04.02.2024 година.