Со свечено дефиле на сите земји учеснички и културно забавна програма беше отворено 24. Светско првенство кое се одржува во Мадрид, Шпанија.
На Планетарниот собир учество земаа 1117 натпреварувачи, од вкупно 140 земји, што е рекордна бројка кога е во прашање еден Светски шампионат. Македонската експедиција ја сочинуваа: Сара Радичевска, Јована Георгиева, Моника Стефановска, Наташа Стефановска, Пулексенија Јованоска, Ферри Исиќ, Емил Павлов, Давид Петков, Азиз Исмаил, Берат Јакупи, Петар Заборски, Мартин Несторовски и Жарко Арсовски.
На третиот ден свој настап имаше само женскиот кумите тим во состав Наташа Стефановска, Моника Стефановска, Јована Георгиева и Сара Радичевска кои уште на самиот старт загубија од Јужна Африка со 2-0.
До крајот на Шампионатот останува уште настапот на машкиот кумите тим, кој е во состав Арсовски, Несторовски, Јакупи, Исмаил, Заборски, Петков и Павлов кои утре во првото коло ќе се сретнат со репрезентацијата на Израел. Почетокот на борбите е во 9 часот.