< назад

Тренинг натпревари на сениорската репрезентација

Во салата при карате клубот „Макпетрол“ во населбата Влае, во пресрет на Светското првенство за сениори што ќе се одржи од 16-21.11.2021 година во Дубаи, ОАЕ денес се одржаа првите тренинг натпревари со натпреварувачите во дисциплината борби. На истиот присуствуваа сите натпреварувачи во дисциплината борби во сениорска конкуренција кои обезбедија пласман на изминатото Државно првенство за сениори како и натпреварувачи од категоријата постари јуниори У21.


Настанот го водеше селекторот за сениори во борби Александар Кузмановски а на истото беа присутни и тренерите од клубовите: Бошко Заборски, Кристијан Младеновски, Петар Белистојановски, Стојан Андриевски и Мартин Несторовски.

Од страна на Судиската комисија на КФМ беа обезбедени и судии во состав: Благој Атанасов, Игор Лазарев, Валентина Пурдеска, Зоран Стојковски, Емир Ќосовиќ и Марија Василева.