На првиот ден од Балканското првенство во карате нашите репрезантивци во сениорска конкуренција освоија еден сребрен, еден бронзен, три петти и три седми места.
Во категоријата -61кг жени освоени се две медаљи - Викторија Јовановска освои сребрен додека Вероника Костовска бронзен медал. Петти места освоија Кристијан Бајовски во категоријата ката машки, во борби Јована Георгиева -55 кг и Ангела Мојсовска во -68кг. Седми места освоија Цветковска Теодора и Села Гента во -50 кг и Јована Мицовска во -68 кг.
Покрај сениорите на ова првенство настапи имаа и тројца натпреварувачи во категоријата ветерани. Од нив најголем успех оствари Христаки Давитковски кој во категоријата кумите машки над 55 години -75кг освои златен медал.
Официјалните резулатати можат да се погледнат на следниот линк: