На првиот ден од Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржува во Дубровник, Хрватска нашите каратисти освоија вкупно 7 медали од кои едно злато на Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм во У21.
Костовска во големото финале во својата категорија ја совлада Лаура Фуцик од Хрватска со 1-0. Претходно во ½ финалето со идентичен резултат беше подобра од Турчинката Кијмет Несе Дикер, а во 1. и 2. коло ги победи Србинката Моника Јуришиќ со 2-0 и Азра Басиќ од Босна и Херцеговина со 3-0.
Во истата старосна граница, во категориите до 50кг. и до 55 кг. Верона Ајдини и Сара Крстевска стигнаа до 3. место. Ајдини во мечот за бронза по прв освоен поен победи против Лејла Ахметовиќ од Босна и Херцеговина. Претходно, Ајдини триумфираше против Миа Мијовиќ од Хрватска, а загуби од Словенката Урса Хаберл. Крстевска во малото финале беше подобра од Андреа Драгојевиќ од Црна Гора по судиско изјаснување. Претходно таа ги совлада: Џејна Џафербеговиќ од Босна и Херцеговина по судиско изјанување и Изабела Андреа Полифроние од Романија со 3-0, а во ½ финалето по судиско изјаснување загуби од Србинката Дина Дурмис.
Кај јуниорките во категоријата до 53 килограми, со бронза се закити Марија Милева. Милева во главниот ждреб загуби уште во 1. коло од Турчинката Дамла Оцак со 3-1, но со две победи во репасажот против Кипарката Елина Папагеоргиу со 3-0 и Петра Жељко од Хрватска со 5-1 стигна до бронзениот медал.
Во кати кај јуниорите 3. наши каратисти се најдоа меѓу најдобрите петорица. Марко Бунтески го освои среброто откако во големот финале загуби од Турчинот Енес Оздемир. Претходно Бунтески беше подобар од Урош Субота од Србија и Кенан Никочевиќ од Црна Гора со 3-2 и од Бор Хартл од Словенија со 5-0. Бронзата во истата категорија му припадна на Александар Неделковски кој во македонското дерби во малото финале го совлада Георги Бановски со 3-2. Неделковски во главниот ждреб беше подобар од Словенецот Јан Хартл, Србинот Марко Стеванетиќ, а со минимални 3-2 загуби од Турчинот Енес Оздемир.
Во У21 Матеа Талеска до бронзата стигна со победата над Марија Каљевиќ од Црна Гора со убедливи 5-0. Во главниот ждреб Талеска ги победи Ема Гојачиќ од Србија и Миа Рогановиќ од Црна Гора, а загуби од Србинката Николина Џурџевиќ.
На Балканското првенство во Дубровник учествуваат вкупно 781 каратист од вкупно 12 земји.
Целосните резултати од Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Дубровник, Хрватска можете да ги погледнете на следниот линк: