< назад

Весели во 1/2 финалето на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес

Фахик Весели обезбеди пласман во ½ финалето на Младинските олимписки игри кои се одржуваат во Буенос Аирес, Аргентина.

Групната фаза во категоријата до 61 килограм Весели ја заврши на втората позиција. Весели оствари победи против Абдала Хамад од Јордан со 1-0 и Родриго Тељо од Аргентина со 6-0, единствениот пораз во А групата го доживеа од Мохаме Ајед Ал Асири од Саудиска Арабија.

Во ½ финалето Весели ќе се сретне со Масаки Јамаока од Јапонија.

Натпреварите за медал на карате турнирот на МОИ во Буенос Аирес, ќе бидат вечерва со почеток во 20ч. по македонско време. 

Резултати на Весели од групната фаза:
1 коло: Фахик Весели – Мохамед Ајед Ал Асири (Саудиска Арабија) – 0:4
2. коло: Фахик Весели – Абдала Хамад (Јордан) – 1:0
3. коло: Фахик Весели – Родриго Тељо (Аргентина) – 6-0