< назад

WKF го објави првите 40 спортисти кои обезбедија норма за Токио 2020

Светската карате федерација (WKF) со задоволство ги објави првите 40 спортисти кои се квалификуваа на Олимписките игри Токио 2020, каде што каратето ова лето ќе го има своето историско деби на Олимписките игри.

Триесет и две места беа доделени на четворицата највисоко рангирани спортисти по пол во секоја од олимписките категории, додека на Јапонија и беше доделена квота како домаќин од осум спортисти, по една во секоја категорија.

Ова е целосниот список по категории:

 

КАТА - МАШКИ

Дамијан Квинтеро (Шпанија)

Рио Кијуна (Јапонија)

Али Софуоглу (Турција)

Антонио Дијаз (Венецуела)

Матија Бусато (Италија)

 

КАТА - ЖЕНСКИ

Сандра Санчез (Шпанија)

Кију Шимизу (Јапонија)

Вивијан Боттаро (Италија)

Мо Шеунг Грејс Лау (Хонг Конг)

Сакура Кокумаи (САД)

 

КАМИТЕ МАШКИ -67 Кг

Дархан Асадилов (Казакстан)

Стивен Дакоста (Франција)

Анџело Крешченцо (Италија)

Али Елсави (Eгипет)

Наото Саго (Јапонија)

 

КУМИТЕ МАШКИ -75 Кг

Бахман Асгари Гонче (Иран)

Луиџи Буса (Италија)

Рафаел Агаев (Aзербејџан)

Станислав Хоруна (Украина)

Кен Нишимура (Јапонија)

 

КУМИТЕ ЖЕНСКИ -55 Кг

Серап Озчелик Арапоглу (Турција)

Анжелика Терлиуга (Украина)

Цу-Јун Вен (Tаиван)

Михо Мијахара (Јапонија)

Сара Бахмањар (Иран)

 

КУМИТЕ - ЖЕНСКИ -61 кг

Ксијаојан Јин (Кина)

Гиана Лотфи (Eгипет)

Јована Прековиќ (Србија)

Мерве Кобан (Турција)

Мајуми Сомеја (Јапонија)

 

КУМИТЕ - ЖЕНСКИ +61 кг

Ирина Зарецка (Aзербејџан)

Хамиде Абасали (Иран)

Ли Гонг (Кина)

Мелтем Хокаоглу Акјол (Турција)

Ајуми Уекуса (Јапонија)

Целосниот список на места за квоти според пласман на Олимписки игри и домаќин можете да го погледнете тука.

 

Вкупно, 80 каратисти (40 мажи и 40 жени) ќе се натпреваруваат на Токио 2020 година, 60 во кумите и 20 во кати. Другите 24 спортисти ќе се квалификуваат за Токио 2020 на Олимпискиот квалификациски Турнир во Париз од 11-13 јуни, додека 12 дополнителни олимписки места ќе бидат распределени според континенталната распределба. Четири други каратисти ќе резервираат билети за Токио преку места за покана на Трипартитната комисија.

Карате натпреварувањето на Токио 2020 е закажано за 5-7 август 2021 година во иконскиот Нипон Будокан, со доделување медали на секој натпреварувачки ден.

Карате федерацијата на Македонија ќе настапи со вкупно 7 во можни 8 категории кои ќе се борат на квалификациите за олимписка виза.