Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес оствари средба со каратистот Љупчо Михајлов кој освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка
Освојувачот на бронзениот медал, 16-годишниот Љупчо Михајлов, на денешната прес-конференција по повод освоениот бронзен медал во категоријата јуниори до 68 кг. на 49-то Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка, има цел да се пласира во финалето на следното Светско првенство во Турција
Љупче Михајлов во тежинската категорија -68 кг. освои бронзениот медал во јуниориска конкуренција откако го совлада Август Рамос од Италија со резултат 3:1
Македонскиот каратист Петар Спасеновски кој освои бронзен медал на неодамнешното Европско првенство во Газиантеп, Турција е оптимист дека на следното големо натпреварување може да освои злато
Еден од најдобрите македонски каратисти, го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се одржа во Газиантеп, Турција. Тој во борбата за бронзата во категоријата до 84 килограми Мурат Оз славеше со 2-0
Во спортската сала „Младост“ во Гостивар се одржа Државното првенство на Македонија за деца како и дополнение на Државното првенство за кадети, јуниори и постари јунири У21
Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје на ден 12 март 2022 година (сабота), се одржа Државното првенство за сениори. На првенството беа пријавени вкупно 29 клубови со 88 пријавени натпреварувачи
Во организација на Судиската комисија на Карате федерацијата на Македонија во периодот од 28.01 до 30.01.2022 година во Скопје се одржа судиско-тренерски семинар. Предавач на семинарот беше истакнатиот светски судија од Србија, г-динот Милан Ковачевиќ
Со примена на сите мерки за заштита од COVID-19 препишани од надлежното Министерство за здравство, на 29 јануари 2022 година во главната сала при домот „Даре Џамбаз“ во Скопје
Карате федерацијата на Македонија традиционално и оваа година ја организираше свеченоста Избор на најдобрите во карате спортот, на која се доделија признанија на најдобрите клубови, тренери и спортисти за остварениот резултат во изминатата 2021 година
И овогодинешниот избор на најдобри спортисти за 2021 година организирано од страна на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, не остана без номинации од Карате федерацијата на Македонија
На ден 04.12.2021 година (сабота) во Гостивар се одржа државниот изборен турнир за кадети, јуниоири и постари јуниори У21. На турнирот настапија 213 натпреварувачи од вкупно 46 клубови
Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство кое се одржува во Дубаи. Тој во финалето немаше сила против актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот, Стивен Да Коста каде беше поразен со 8-0
Емил Павлов испиша историја на Светското првенство во Дубаи откако се пласираше во финалето во категоријата до 67 килограми каде за противник ќе го има Стивен да Коста од Франција. Павлов во полуфиналето славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен бидејќи борбата заврши 3-3
Македонската карате репрезентација, која ќе биде дел од 25то Светско сениорско првенство, одржа прес конференција во конгресната сала при Македонскиот олимписки комитет пред поаѓањето за Дубаи каде од 16 до 21 ноември ќе се одржи планетарниот собир
Во спортската сала „Партизан“ во Кавадарци се одржа Државното првенство на Македонија за деца, на кое учествуваа 228 натпреварувачи од вкупно 46 клуба со вкупно 257 пријави
Во салата при карате клубот „Макпетрол“ во населбата Влае, во пресрет на Светското првенство за сениори што ќе се одржи од 16-21.11.2021 година во Дубаи, ОАЕ денес се одржаа првите тренинг натпревари со натпреварувачите во дисциплината борби
Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје на 26 септември 2021 година (недела), се одржа Државното изборно првенство за сениори. На првенството вкупно беа пријавени 25 клубови со 94 пријави на натпреварувачи
По повод настапот на нашата најдобра каташка Пулексенија Јованоска на олимписките игри „Токио 2020', пристигна признание и од првиот човек на WKF Антонио Еспинос
Во време - невреме на пандемија, има и ретки светли примери кои покажуваат дека можеме дури и кога е најтешко и најнеизвесно да ги реализираме високите цели и амбиции.
Македонската карате-репрезентација се врати од 48. Европско првенство (ЕП) за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21 година), што се одржа изминатиот викенд во Тампере, Финска
Делегацијата на КФМ се врати во земјава, по извонредните резултати постигнати на европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21). Делегацијата беше пречекана од претставници на ИО на КФМ, тренери и спортисти од повеќе наши клубови, како и членови на нивните семејства
Младите македонски каратисти настапија на првиот ден на 48-то европско првенство во карате што се одржува во Тампере, Финска, каде што се натпреврауваат околу 1000 млади каратисти од 45 држави
Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на младинската репрезентација за 48то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори кое што ќе се одржи од 20-22.08.2021 година во Тампере, Финска
Натпреварувачите кои ќе настапат на ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Тампере, Финска одржаа втор заеднички тренинг на ден 15.08.2021 година. Тренинзите и овој пат се одржаа во салата при ООУ „Гоце Делчев“, Во Скопје
Ве известуваме за прес конференцијата на Карате федерацијата на Македонија пред настапот на 48-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Тампере, Финска од 20-22 август. Конкуренцијата на европските првенства секоја година е се посилна, за што потврда се пријавените 1008 каратисти од вкупно 45 земји
Претседателот на WKF, Антонио Еспинос, го поздрави успехот на каратето на Олимпиското деби и апелираше до Меѓународниот олимписки комитет за трајност на овој спорт во олимписката програма
Во пресрет на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи од 20-22 август 2021 година во Тампере, Финска, вчера во салата при ООУ „Гоце Делчев“ од горно Лисиче се одржаа подготвителни тренинзи со младинската карате репрезентација
Нашата најдобра натпреварувачка во кати Пулексенија Јованоска во 03:00 часот по полноќ ќе настапи во Нипон Будокан центарот на Олимписките игри во Токио
Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје викендов на 19 и 20 јуни 2021 година, се одржаа Државното првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21. На Државното првенство вкупно беа пријавени 50 клубови со 260 пријави на натпреварувачи
Карате федерацијата на Македонија го организира Државното првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое ќе се одржи во деновите 19 и 20.06.2021 (сабота и недела) во салата „Крсте Мисирков“ при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје
Согласно Член 21 од важечкиот ПРАВИЛНИК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КАРАТЕ КЛУБОВИ И НАТПРЕВАРУВАЧИ, натпреварувачите кои сакаат да го променат клубот во кој членуваат, тоа може да го сторат согласно одредбите од Правилникот и тоа во термините кои се определени како преодни рокови
Карате федерацијата на Македонија ќе биде меѓу најбројните делегации на претстојниот олимписки квалификациски турнир за олимписките игри во Токио, што ќе се одржи од 11-13 јуни во Париз, Франција
Светската карате федерација (WKF) со задоволство ги објави првите 40 спортисти кои се квалификуваа на Олимписките игри Токио 2020, каде што каратето ова лето ќе го има своето историско деби на Олимписките игри
Европското сениорско првенство во карате што ќе се одржи од 19-23.05.2021 година во Пореч, Хрватска ќе го привлече вниманието на сите љубители на овој спорт
Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на сениорската репрезентација за 56. Европско првенство кое што ќе се одржи од 19-23.05.2021 година во Пореч, Хрватска
Со длабоко жалење ве известуваме дека од комплицакции од COVID-19 почина Александар Нацевски, поранешен претседател на некогашниот Карате сојуз на Македонија (КСМ)
Карате федерацијата на Македонија го одржа Државното првенство за сениори во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“. На првенството настапија 29 клубови со 105 свои натпреварувачи, во машка и женска конкуренција, во дисциплините борби и кати
Карате федерацијата на Македонија го организира Државното првенство за сениори кое ќе се одржи на 27.03.2021 (сабота) во малата сала при СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје
Претседателот на Карате федерацијата на Македонија Горан Милковски имаше работен состанок со амбасадорот на Јапонија во земјава, Н.Е. Хиронори Савада. Aмбасадорот на Јапонија уште еднаш се заблагодари за поканата да присуствува на Собранието на КФМ одржано на 27 февруари, каде што беше специјален гостин